top of page

ЕХФ ги објави термините за ЕП 2022, Македонија ќе игра прва во својата група

Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде кодомаќин на претстојното Европско првенство, а денеска стана јасен и терминот во кој ќе ги игра натпреварите во првата фаза.

Веќе беше најавено дека прв противник ќе ни биде актуелниот вицешампион и олимписки победник Франција, а тој натпревар на 5. ноември ќе започне од 18 часот.

Македонија ќе игра преку еден ден во оваа фаза, па на 7 и 9. ноември следуваат дуелите со Холандија и Романија, кои исто така ќе се играат од 18 часот.

Вториот термин за натпреварите во Скопје е 20:30 часот, а најдобрите три селекции ќе играат во втората фаза, чиј еден дел исто така ќе се игра во македонската престолнина.

Преостанатите групи од првата фаза се играат во Словенија и Црна Гора, втората во Скопје и Љубљана, а словенечкиот главен град ќе биде домаќин на завршниот викенд.

Европското првенство започнува на 4. ноември и тоа со натпреварите Унгарија-Швајцарија и Словенија-Данска од 18:00 часот.



 
 
 

Comments


bottom of page