Еурофарм Пелистер испушти голема шанса да го шокира Спортинг и на крајот се задоволи со бод
Updated: Dec 1, 2021
30.11.2021 Noemvri Vtornik
Еурофарм Пелистер беше на добар пат да ја врзе третата последователна победа во ЕХФ Европската лига, но на крајот битолчани изгореа од желба да го остварат тоа и испуштија сигурна победа на тешко гостување. Иако освениот бод изгледа добро со оглед на жешкиот терен во Португалија, треба да се нагласи дека Еурофарм во добар дел од второто полувреме имаше плус четири, а пропушти и шанса да води и плус пет кога не беше реализиран седмерец. Спортинг Лисабон се врати од минус четири и се избори за неизвесна завршница на шест минути пред крајот кога беше 25:25, по што следеа два фантастични голови од Граџан за плус два на битолчани. За жал, оваа предност не успеаја да ја одбранат, дури и во ситуација кога последниот напад беше за тимот на Бабиќ при резултат 26:27. Ракометарите од Битола направија голема грешка и ја подари топката, по што Португалците израмнина на 27:27 и го поставија конечниот резултат за реми и поделба на бодовите. Табоада со седум погодоци беше најдобар реализатор во тимот на Еурофарм, Мандалиниќ погоди пет пати, а по четири гола имаа Периќ и Божиќ Павлетиќ.
Comments