Еурофарм Пелистер им се врати на победите со рутинско издание против Тиквеш
13.11.2026 Noemvri Petok
Поразот од Вардар мораше што побрзо да биде заборавен и архивиран од играчите на Еурофарм Пелистер, а избраниците на Лино Червар го направија токму тоа во следниот домашен предизвик, оној против Тиквеш кој се одигра вечерва.
Македонскиот вицепрвак ја забележа осмата победа во Суперлигата со доста доминантно, но и рутинско издание, бидејќи гостите од Кавадарци не може да го следат темпото во второто полувреме.
Иако парираа во првото кое заврши со резултат 17:14, фаворитот нагази на педалот за гас во продолжение, па откако го засили ритамот, истиот не можеше да биде пратен од Тиквеш.
Како што одминуваше мечот, разликата константно растеше, па на крајот Пелистер оствари убедлива победа изразена со 11 голови предност (37:26).
Петар Атанасијевиќ со девет гола беше прво име на паркетот, Пешевски постигна шест, а четири реализации имаше Хакбарт. Најефикасен играч во гостинскиот тим беше Ончев со осум точни реализации.







Comments