top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Еурофарм Пелистер го надигра Татран и закажа финале со Олимпијакос

Еурофарм Пелистер оваа година не играше на традиционалниот турнир во Струга, но затоа се појави на другата страна од езерото и се пласираше во финалето на турнирот во Охрид.

Ракометарите од Битола днееска запишаа и втора победа на интернационалниот турнир „Крсте Андоновски-Усташ“, а за противник го имаа тимот на Татран Прешов.

Македонскиот шампион беше поактивен тим во секоја фаза од мечот, одржуваше предност од три до четири гола разлика, па на крајот славеше со 29:24.

Највисоката предност пристигна во самата завршница и Еуфорарм ја потврди сигурната победа, која сега му носи дуел со Олимпијакос во големото финале.

За Еурофарм Пелистер ова е втор подготвителен турнир оваа пресезона, во која настапуваше и на турнирот Добој каде го освои шестото место.


1 view

Comments


bottom of page