Search
Еурофарм Пелистер го „врза“ и талентираниот Ѓорговски (ВИДЕО)
Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува да ги продолжува договорите со талентираниот македонски играчи, па така откако нови потписи ставија Ненад Костески и Цветан Кузманоски тоа го направи и Емилијан Ѓорговски.
Младиот стружанец пред две години дојде во Битола каде прво беше дел од Еурофарм Пелистер 2 за да сега е под „палката“ на Ларс Валтер во првата екипа. Тој веќе играше во СЕХА лигата, а се очекува да добие шанса и во натпреварите во Лига Европа.
Според новиот договор тој треба да остане во сегашната средина најмалку до 2025 година.
Comments