Еурофарм Пелистер без проблеми го реши Охрид
Ракометарите на Еурофарм Пелистер брзо го заборавија поразот од Вардар и тоа со убедлива партија против Охрид во денешната средба од 6. коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Фаворитот не дозволи никако изненадување и го реши противникот со 32:24 и тоа во средба во која победникот веќе се знаеше по првите 30 минути. „Фармацевтите“ одиграа ефекасно во нападот, цврсто во одбраната и веќе по 30 минути имаа позитива од 17-8, па во продолжението само рутински го приведоа мечот до самиот крај.
Најефикасни кај победникот со по шест погодоци беа Ненад Костески и Жарко Пешевкси. Кај Охрид прв стрелец беше Ерај Караокоќ со седум реализации.
Во наредното коло Пелистер му гостува на Тиквеш, а пак Охрид пак против Бутел ќе се обиде да и стави крај на лошата резултатска серија.
Comments