„ЕСПН“: Арсенал тргнал во голема офанзива за напаѓач по елиминацијата во ЛШ
19.04.2024 April Petok
Арсенал остана без полуфинале во Лигата на шампионите, а по неуспехот менаџментот го забрзал процесот во идентификување и ангажирање на посакуван фудбалер на напаѓачката позиција, пренесува „ЕСПН“.
„Топчиите“ загубија со 1:0 во Минхен и тоа му беше доволно на Баерн за следна фаза, додека Арсенал и натаму чека прво полуфинале уште од 2009 година.
Каи Хаверц најчесто е стартер кај Микел Артета последниот период, додека Габриел Жезус имаше многу проблеми со повреди, а Еди Нкетија одамна не бил во првите единаесет на Арсенал.
Изворите на „ЕСПН“ тврдат дека Арсенал не се фокусира само на Ајван Тони, туку бара и други солуции, а меѓу најсериозните кандидати се Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон и Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг.
Главна цел на Артета е да го намали ростерот, но да има повеќе топ играчи, со што ќе може подобро да му парира на Манчестер Сити и неговите ротации со составот. Шпанецот и неговите соработници сакаат што побргу да обезбедат квалитетен напаѓач, за тој порано да му се приклучи на новиот тим.
Comments