top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Есенски музички свечености“: Концерт на флејтиската Марија Јакимовска и пијаниската Петровска во КИ


„Есенски музички свечености“: Концерт на флејтиската Марија Јакимовска и пијаниската Петровска во КИЦ Вечерва, со почеток во 20 часот, во Културно-информативниот центар, концерт ќе одржат флејтиската Марија Јакимовска и Билјана Петровска – пијано. Добивај вести на вибер Концертот е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености 2022“. Јакимовска Марија е родена 1988 година во Скопје, музичкото образование го започнува на во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на проф. Радмила Попоска. Своето средно образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, каде што и стекнува диплома за завршено училиште за средно музичко образование и диплома за покажани исклучителни резултати, проширени и продлабочени знаења од областа на науката, уметноста и другите видови дејности за талентирани ученици во јуни 2007 година. Од октомври 2007 година се запишува како редовен студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје – отсек флејта, во класата на проф. Страшо Темков. Во 2011 година дипломира и стекнува титула дипломиран флејтист. Во јуни 2013 година магистрира на ФМУ – Скопје во истата класа. Има посетувано повеќе стручни семинари и мастер-класи кај еминентни професори, како: проф. Лаура Левај и проф. Моше Арон Епштејн, семинари по камерна музика, под раководство на проф. Страшо Темков и други. Настапувала како солист со камерниот оркестар при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, настапи со Македонската филхармонија и голем број настапи на културно-уметнички манифестации, хуманитарни концерти и неколку самостојни рецитали. Од 2012 година е член на Скопскиот дувачки квинтет, како и на камерниот оркестар „Скопски солисти“, понатаму на камерниот состав The Quartet, 10-годишен член на квартетот флејти „Аулос“ и симфонискиот оркестар за филмска музика F.A.M.E’.S. . Редовен учесник на едукативни проекти, како еден од позначајните проектот, кој инаку беше дел од паневропската акција Balckboard music project – подржан од ЕУ и Министерството за култура – евроинтеграции и се презентира во две земји (Данска и Белгија) во 2016 година, беше оценет со високи оценки и пријатно изненадувачки прифатен од возрасни групи ( 7-12 гододини) во овие земји. Добитник е на повеќе лични награди и признанија од државни и интернационални натпревари, семинари. Моментно вработена во оркестарот на Националната опера и Балет. Билјана Петровска припаѓа на генерацијата македонски музички уметници пијанисти, кои активно творат. Дипломира и магистрира на отсекот интерпретација на пијано. Покрај соло настапите, акцентот на интерпретациското творештво кај неа е ставен на камерното музицирање. Има настапувано со многу македонски уметници, како и со уметници од светот. Досега има многубројни настапи во земјата и надвор од неа и има издадено свој компакт-диск заедно со кларинетистот Петар Колевски, како „Дуо Пан“. Освен со „Дуо Пан“, Билјана е основач и активно настапува и со камерните состави, триото „ВивАрт“, квартетот „Анумус“ и квартетот THE QURTET, со кој исто така активно настапува. За својата дејност како камерен музичар е добитник на награда за исклучителни резултати како камерен музичар на натпреварот за дрвени дувачи инструменти во Пожаревац, Арангеловац, и на меѓународниот фестивал во Перник, Бугарија. Редовно е вработена во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“ како професор по пијано и пијано-соработник. Како професор по пијано има забележано многу успеси со своите ученици, со освоени награди на државни и меѓународни натпревари. Од 2012 година е хонорарен уметнички соработник на Факултетот за музичка уметност во Скопје.



0 views

コメント


bottom of page