Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и Ско
Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и СкопјеЕсеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и Скопје. По повод 70 години од раѓањето на Стефановски, денеска на хибриден настан, со виртуелно и со физичко присуство на Одделот за славистика при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, покрај словенечките студенти се приклучија и студенти од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Како што информира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на настанот учествуваа и етаблирани македонисти и јужнослависти – истражувачи, книжевни преведувачи и писатели, меѓу кои и писателката Лидија Димковска. Виртуелно се вклучија и предавачи и книжевни преведувачи и од Англија и Грција.
Сите, како што се наведува, со интерес и решеност да се случат и нови исчитувања на опусот на големиот македонски драмски писател и есеист. Во централниот дел на настанот беше одржано предавање на тема: „Пораки за Дивиот Исток: Идентитетските прашања и дилеми во есеите на Горан Стефановски“, од асс. м-р Иван Антоновски.
Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ д-р Весна Мојсова-Чепишевска во воведното обраќање истакна дека Горан Стефановски е првиот драмски автор, кој, како што рече, надминувајќи ги македонските културни граници, со вредностите на своето дело го поврза некогашниот југословенски и воопшто јужнословенскиот културен простор.
-И ТОА УШТЕ СО НЕГОВАТА ДРАМА „ЈАНЕ ЗАДРОГАЗ“ ВО 1974 ГОДИНА, А КЛУЧНО, ПЕТ ГОДИНИ ПОТОА, СО ТОГАШ НАЈДОБРАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА ДРАМА „ДИВО МЕСО“ – ПРИЗНАНИЕ КОЕ ГО ДОБИ И ЗА „ЦРНА ДУПКА“. СО ДЕЦЕНИИ, НЕГОВИТЕ ДРАМИ СЕ НА СЦЕНИТЕ НА ТЕАТРИТЕ ШИРУМ ЈУЖНОЛОВЕНСКИОТ АРЕАЛ, НО ВЕЌЕ И ДЕЛ ОД ОНА ШТО РЕДОВНО ГО ЧИТААТ СТУДЕНТИТЕ ПО МАКЕДОНИСТИКА НА СТРАНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ – САМО ВО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА, ДВАНАЕСЕТПАТИ ПРЕМИЕРНО Е ПОСТАВЕН НА СЦЕНА НЕГОВ ДРАМСКИ ТЕКСТ. И ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА МЕЃУ МНОГУТЕ ПРИЗНАНИЈА, ВО 2007 ГОДИНА ЈА ДОБИ И ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛОТ „ВИЛЕНИЦА“ ВО СЛОВЕНИЈА, И ДЕКА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД НЕГОВОТО ФИЗИЧКО ЗАМИНУВАЊЕ БЕШЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА НАУКИ НА НАЦИОНАЛНАТА АКАДЕМИЈА ЗА ТЕАТАРСКА И ФИЛМСКА УМЕТНОСТ ВО СОФИЈА, БУГАРИЈА, НАГЛАСИ МОЈСОВА-ЧЕПИШЕВСКА.
Горан, како што потенцира, покажа дека со книжевноста може да се поврзат културите и да се создаде приказна во која во име на книжевните вредности нема Ние и Тие, туку само Ние.
–И НЕ ЗАПРЕ ТУКА – ТУКУ СО СВОЕТО ДЕЛО НÈ ПРЕТСТАВИ СИТЕ НАС ОД ЈУЖНОСЛОВЕНСКИОТ АРЕАЛ НА СЦЕНАТА НА ЕВРОПА И СВЕТОТ, ПОКАЖУВАЈЌИ ГИ НАШИТЕ ДОСТОИНСТВА. ЗАТОА, НИЕ СМЕ И ОБВРЗАНИ ДА ГИ ОДРЖУВАМЕ СИНТЕЗИТЕ КОИШТО ТОЈ ГИ ВОСПОСТАВИ И ДРАГО МИ Е ШТО СО НАШИТЕ ШКОЛИ, ОВАА ГОДИНА, ПРИДОНЕСОВМЕ И ЗА НИВНО ЗАЈАКНУВАЊЕ, ПОТТИКНУВАЈЌИ НОВО ИСЧИТУВАЊЕ И НА ДРАМСКОТО И НА ЕСЕТИЧКОТО ТВОРЕШТВО НА СТЕФАНОВСКИ, И ШТО ЕВЕ, НИ СЕ СЛУЧУВА И ОВОЈ НАСТАН, РЕЧЕ МОЈСОВА-ЧЕПИШЕВСКА.
Проф. д-р Намита Субиото, која изминативе дваесет години ја води љубљанската Катедра за македонски јазик и книжевност, а сега е и раководителка на Одделот за славистика, информира дека драмите на Горан Стефановски се постојано дел од лектирата на студиската програма Јужнословенски студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.
– СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДРАМСКИ АВТОР ЈА ОДБЕЛЕЖУВАМЕ НА ПОСЕБЕН НАЧИН: СО ЦИКЛУС ПРЕДАВАЊА ЗА НЕГОВОТО ДРАМСКО ТВОРЕШТВО ШТО ГИ ОДРЖУВА ДОЦ. Д-Р ИВИЦА БАКОВИЌ, ЕКСПЕРТ ЗА МАКЕДОНСКАТА И ВООПШТО ЈУЖНОСЛОВЕНСКАТА ДРАМА. БАКОВИЌ НИ ДОАЃА ОД ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ЗАГРЕБ ВО РАМКИ НА ДОГОВОРОТ ЗА РАЗМЕНА НА ПРОФЕСОРИ, СКЛУЧЕН ПОМЕЃУ ЉУБЉАНСКИОТ И ЗАГРЕПСКИОТ ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ. СЕ ВКЛУЧУВА И ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ СО ПОСЕБНО ПРЕДАВАЊЕ НА АСС. М-Р ИВАН АНТОНОВСКИ ЗА ЕСЕИСТИКАТА НА СТЕФАНОВСКИ, А СО ТОА СЕ ВКЛУЧУВА И МСМЈЛК ПРИ УКИМ, БИДЕЈЌИ АНТОНОВСКИ ГОДИНАВА НА ОВАА ТЕМА ГО ОДРЖА И КУРСОТ НА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА, НА КОЈШТО ИМАВ ЧЕСТ И ЗАДОВОЛСТВО ДА УЧЕСТВУВАМ И ДА СЕ УВЕРАМ ВО НЕГОВОТО ИСКЛУЧИТЕЛНО ПРОДЛАБОЧЕНО ПОЗНАВАЊЕ НА ОВОЈ ДО СЕГА ПОСКРОМНО ИСТРАЖЕН СЕГМЕНТ НА БОГАТИОТ КРЕАТИВЕН ОПУС НА СТЕФАНОВСКИ, ПОСОЧИ СУБИОТО.
Доц. д-р Баковиќ, кој го одржува циклусот предавања во Љубљана, посветени на драмите на Стефановски, нагласи дека драмскиот опус на Горан Стефановски редовно се чита и се толкува во рамки на наставата по неколку македонистички предмети на додипломските и магистерските студии по јужнославистика на Филозофскиот факултет во Загреб.
– ГОДИНАВА, ПО ПОВОД ГОДИШНИНАТА, ДОПОЛНИТЕЛНО, ВО РАМКИ НА НАСТАВАТА ПО НЕКОЛКУ ПРЕДМЕТИ ТВОРЕШТВОТО НА СТЕФАНОВСКИ БЕШЕ ВО ПРЕДЕН ПЛАН ЗАШТО ПРЕКУ НЕГОВИОТ ОПУС СТУДЕНТИТЕ ЛЕСНО СЕ ЗАПОЗНАВААТ СО НАЈВАЖНИТЕ ПОГЛАВЈА ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ДРАМА И ТЕАТАР, ПА ДУРИ И СО КЛУЧНИТЕ СТРУЕЊА ВО СОВРЕМЕНИТЕ ЈУЖНОСЛОВЕНСКИ ДРАМСКИ ЛИТЕРАТУРИ. НА МОЕ ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО, ВО ОВОЈ СЕМЕСТАР, ДРАМСКИОТ ОПУС НА СТЕФАНОВСКИ ГО ТОЛКУВАМ И ИСЧИТУВАМ И СО ЉУБЉАНСКИТЕ МАКЕДОНИСТИ. НО, ОСОБЕНА ЧЕСТ ИМИ БЕШЕ ШТО КАКО ПРЕВЕДУВАЧ И СОРАБОТУВАВ СО ОВОЈ ГОЛЕМ ДРАМСКИ АВТОР, КОГА ЗАЕДНО СО ПРОФ. БОРИСЛАВ ПАВЛОВСКИ РАБОТЕВМЕ НА ПРВОТО ХРВАТСКО ИЗДАНИЕ НА ОДБРАНИТЕ ДРАМИ НА СТЕФАНОВСКИ. КНИГАТА „ОДИСЕЈ И ДРУГИ ДРАМИ“ Е ИЗЛЕЗЕНА ОД ПЕЧАТ ТОКМУ ВО НОЕМВРИ 2018. СЕГА, БЛАГОДАРЕНИЕ НА КОЛЕГАТА ИВАН АНТОНОВСКИ, ЕКСПЕРТОТ ЗА ЕСЕИСТИКАТА НА СТЕФАНОВСКИ, ИМАМЕ ПРИЛИКА ПОДОБРО ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ И СО ОВОЈ ВАЖЕН ДЕЛ ОД ОПУСОТ НА СТЕФАНОВСКИ. ВО ЈУЖНОСЛОВЕНСКИОТ КОНТЕКСТ, НА СТЕФАНОВСКИ МУ ПРИПАЃА ВАЖНО МЕСТО, И ЗАТОА ВАКВАТА СОРАБОТКА Е ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ, НАПОМЕНА БАНОВИЌ.
Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во своето предавање се оврна на поетичките особености на есеистиката на Стефановски и изнесе дел од своите согледувања и тези во врска со она по што таа се издвојува, не само во рамки на македонското есеистичко искуство, туку и воопшто во поимањето на есејот како жанр. Акцентот на предавањето, како што се наведува, беше ставен на односот на Стефановски кон идентитетот, во неговите есеистички текстови кои, според Антоновски, се метажанр во опусот на овој голем македонски автор. Антоновски пред присутните претстави и мини каталог на идентитетски прашања и дилеми во есеите на Стефановски, поттикнувајќи синтези со неговото драмско творештво и едновремено отворајќи нови перспективи за анализирање на опусот на Стефановски во целина, споделувајќи и дел од своите заклучоци претставени во книгата „Идентитетот е приказна“.
По предавањето, присутните дискутираа, а во дискусијата се вклучи и писателката Лидија Димковска. Таа напомена дека цитатите од творештвото на Горан Стефановски изминатиов период се многу присутни во нашиот културен и општествен простор и дека може да се очекува во следниот период да бидат присутни уште повеќе, дотолку што ќе постанат своевидна „народна книжевност“.
–Со ова, активностите на МСМЈЛК при УКИМ посветени на делото на Стефановски не запираат. Меѓу другото, веќе се подготвува издание во кое ќе бидат поместени и избори од неговото дело „Конзервирани импресии“ преведени на неколку странски јазици, во рамки на школите на МСМЈЛК при УКИМ кои се одржаа оваа година, како и зборник со научни трудови од 49. Меѓународната научна конференција на која една од централните теми беше творештвото на Горан Стефановски, се вели во соопштението од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Comments