Search
Ериксен потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед
Кристијан Ериксен од денеска и официјално е член на Манчестер Јунајтед.
Клубот го промовираше данскиот репрезентативец како засилување за наредниот период и со него е договорена тригодишна соработка.
Последен клуб на Ериксен беше Брентфорд, а во Јунајтед доаѓа без отштета, односно како слободен агент.
Ериксен беше член на Интер во периодот кога се играше ЕП, односно кога данскиот репрезентативец колабираше сред натпревар и докторите успеаја да му го спасат животот.
Comments