Ерик Клептон нема да настапува на места каде што бараат доказ за вакцина
23.07.2021 Juli Petok
Славниот музичар и легендарен гитарист Ерик Клептон нема да настапува на места каде што е потребен Covid Pass откако премиерот Борис Џонсон најави дека луѓето што одат во ноќни клубови мора да приложат потврда за вакцинација против Ковид-19. „По најавата на премиерот во понеделникот на 19 јули, чест ми е да дадам своја најава“, наведува Клептон во својата изјава објавена на официјалниот профил на архитектот, филмски продуцент и антиваксер Грацијадеи. „Би сакал да кажам дека нема да настапам на ниту една сцена каде што има дискриминирана публика“, пишува британскиот виртуоз на гитара. „Освен ако не е предвидена одредба за присуство на сите луѓе, го задржувам правото да го откажам настапот“. Веста ја следи најавата на британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот дека како што се укинуваат ограничувањата за собири, ноќните клубови мора да бараат од гостите да покажат Covid Pass од Националната здравствена служба на Велика Британија при влегување. Ова ќе важи за сите лица постари од 18 години.
Comments