Ерера: Сите тимови мора да играме убаво за да победуваме, само еден не!
Андер Ерера се гледа себеси во новиот проект на ПСЖ и нагласи дека ќе остане во клубот без оглед на новиот тренер, бидејќи е подготвен да се бори за своето место и да дојде до „јаготката на шлагот“ за која сонуваат сите вработени во клубот и верните тифози.
Шпанскиот играч за врска е свесен дека титулата во Лигата на шампионите е она што им недостасува на „светците“, но истовремено е уверен дека фудбалот ќе им се одолжи еден ден за поразите од Баерн Минхен во финалето, но и оној од Реал изминатава сезона.
– Сигурен сум дека фудбалот ќе ни овозможи нова шанса и дека ќе ни се одолжи. Пред две години против Баерн промашивме многу шанси во Лисабон и бевме казнети. Според шансите, требаше да победиме и да ја освоиме титулата, а потоа следната сезона имавме тежок пораз. Оваа сезона бевме супериорни на двата меча со Реал Мадрид, бевме доминантни 160 минути, но на Реал потребни му се само 20 за да те исфрли. Тоа е фудбалот, затоа ни се допаѓа толку многу оваа игра.
– Без да тргнам било каква заслуга за тоа што го направи Реал, тие безброј пати имаат докажано дека поседуваат нешто специјално. Им симнувам капа за се што направија, но сметам дека бевме супериорни, но на крајот испаднавме.
– Јас не играв на натпреварот на „Бернабеу“, но можев да видам дека моите соиграчи не знаеја што ги снајде. По првиот гол, вториот дојде одма, а потоа и третиот. Тешко е да најдете објаснување за тоа, би одел само со теоријата дека Реал има посебна аура и не смеете да им допуштите ниту половина метро во Лигата на шампионите. Во нормални услови, сите тимови треба да играат добро за да победат, но тоа не важи за Реал Мадрид. После тој пораз, атмосферата во соблекувалната беше како на погреб, следеа многу тешки денови за сите нас, не можевме да пронајдеме одговори за тоа што се случи, – открива Ерера во интервјуто за „АС“.
Comments