top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Епилог од скандалот во кој се најде Сантош: Португалскиот селектор ќе мора да исплати милионско обес

Епилог од скандалот во кој се најде Сантош: Португалскиот селектор ќе мора да исплати милионско обесштетувањеГолемите ѕвезди од Шпанија имаа големи проблеми со затајувањето данок и мораа да плаќаат милионски суми за штетата која и ја направиле на државата, а сега ист таков случај ни доаѓа и од Португалија, каде пак инволвиран е предводникот на националниот тим. Селекторот Фернандо Сантош се најде во средина на скандал поради недозволениот начин на затајување данок, кој бил потпомогнат од страна на Фудбалската Асоцијација на Португалија, која наместо да му ги исплаќа платите на банкарска сметка, тоа го правела преку фирма која всушност нема никаква функција. Португалскиот селектор добивал плата преку фиктивна фирма која ја основал со својата сопруга и на тој начин и нанел голема штета на државата, која сега ќе добие милионско обесштетување од искусниот стручњак. Судот пресудил во корист на Управата за приходи и Сантош ќе мора да плати обесштетување од 4,5 милиони евра, без оглед на тоа што е угледна личност и фактот што го донесе најголемиот успех во историјата на португалскиот фудбал. Сантош е селектор на Португалија од 2014-та година, а во досегашниот осумгодшен мандат успеа да ја освои титуалта на Европското првенство и онаа во Лигата на нации.




1 view

Comments


bottom of page