Ентони Хопкинс лансира сопствена НФТ колекција
Холивудската легенда Сер Ентони Хопкинс ја објави својата прва збирка филмови и уметнички дела под наслов „Вечна колекција“ (Eternal Collection) на НФТ платформата. НФТ колекцијата на Хопкинс содржи негови уметнички дела и филмски улоги. Уникатната дигитална збирка е фасцинантен спој од најпознатите филмски улоги на Хопкинс и неговата имагинација како визуелен уметник. Од Ханибал Лектор до Один, оскаровецот ќе ни даде увид во неговата имагинација, пренесуваат медиумите. Дигиталната колекција е инспирирана од 10 од најзначајните филмски улоги што Хопкинс некогаш ги одиграл. На листата се наоѓаат Ханибал Лектор од „Кога јагнињата ќе стивнат“ и култниот лик Один од „Тор“. Хопкинс го прикажува секој од овие ликови на уникатен начин, користејќи свој стил на сликање. Да појасниме, ќе има 10 архетипи замислени од самиот актер. На пример, архетипот „Бунтовник“ ја носи култната маска на Ханибал Лектор. „Херојот“ е рамнотежа помеѓу темнината и светлината. Иконата на филмот, телевизијата и театарот (84) објасни: „Како уметник, инспириран сум од моќта на уметноста, музиката, киното и илузорниот квалитет на живот што наликува на соништа. „Метаверзумот нуди неверојатна можност да се поврзам со публиката на сосема поинаков начин. Подигнување на мојата уметност на следното ниво, со НФТ како мое платно, е навистина возбудлива можност.“ „Јас сум веројатно најстариот човек во НФТ заедницата и на социјалните мрежи. Докажувам дека сè е можно на која било возраст“.
Comentarios