Search
Ентони Маки подготвен за „Капетан Америка 4“
- Aleksandar Santovski
- Aug 20, 2021
- 1 min read
Стигна официјална потврда дека Ентони Меки ќе ја игра улогата на Капетан Америка во четвртото продолжение на истоимениот серијал. Маки ќе го облече својот бело-син-црвен костум и ќе го носи штитот во четвртиот, сè уште ненасловен филм од серијалот, објавија медиумите во четвртокот. Филмот повторно ќе го обедини Мaки со писателот Малком Спелмен, кој претходно служеше како главен писател за „Соколот и зимскиот војник“, серија на „Дизни плус“. Маки првпат се појави како Сем Вилсон, или The Falcon („Соколот“), во „Капетан Америка: Зимски војник“. Стив Роџерс (Крис Еванс) се откажа од наметката на Капетан Америка на крајот од „Одмаздници: Крајна игра“ во 2019 година, предавајќи го својот штит на Сем Вилсон (Ентони Маки).


Comments