top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ендрју Гарфилд ќе паузира од актерството

Добивај вести на вибер 38-годишната ѕвезда потврди дека ќе се повлече кога ќе заврши со снимањето на серијата „Под знамето на рајот“ (Under the Banner of Heaven), адаптација на крими-романот на Џон Кракауер од 2003 година. „Ќе одморам малку,“ рече Ендрју, кој неодамна глумеше во „Тик-так… бум!“ и кратко се појави во најновиот од серијалот за Спајдермен, „Човек пајак: Далеку од дома“. „Треба повторно да се калибрирам и да преиспитам што сакам да правам следно и кој сакам да бидам. Бидејќи, како што знаете, тоа е машина за перење, таа сезона на награди“. Во интервју за „Вараети“ холивудската ѕвезда објасни дека сака да направи чекор назад и да ужива во нормален живот одредено време. „Едноставно, сакам да бидам обичен човек некое време“, доаде тој.



1 view

Comments


bottom of page