Ен-би-си ја прекрсти претстојната серија инспирирана од „Бриџертон“
Додека фановите ќе мора да се стрпат за втората сезона на „Бриџертон“, следниот месец ќе дебитира нова серија за запознавање инспирирана од хит-серијата на „Нетфликс“. Ен-би-си во вторникот објави дека нивната претстојна серија, која претходно беше со наслов „Гордост и предрасуди: Експеримент во романса“, сега има нов наслов – „Додворување“ (The Courtship). Мрежата исто така објави дека серијата ќе дебитира на 6 март во 20 часот на Ен-би-си, а остатокот од сезоната ќе се емитува на стриминг-услугата „Пикок“ (Peacock) од следниот ден во истиот термин. Иако засега не се откриени никакви информации за содржината, некои медиуми објавија дека серијата се фокусира на херојката во потрага по својот војвода. Таа наводно ќе се пријави за ултимативен социјален експеримент во романса.
Comments