Емотивната изјава на разочараниот Кимих го трогна Гризман: Ти си голем играч, повторно ќе станеш (Фо
Џошуа Кимих најтешко ја прифати елиминацијата на Германија на едно Светско фудбалско првенство, што всушност е дежа-ви за големата ѕвезда на Баерн Минхен која е во селекцијата од 2016-та година.
Играот на баварскиот великан втор мундија завршува уште во групната фаза и посочи дека неуспехот во Катар е негово најголемо разочарување во кариерата, особено ако се знае дека цел тим беше максимално мотивиран да ги поправи работите од пред четири години во Русија.
– Ова е најлош ден во мојот живот, во мојата кариера. Се плашам дека ќе паднам во црна дупка после ова. Ќе почнам да мислам дека овие неуспеси се поврзани со мене како индивидуалец и личност.
– Јас се приклучив на германскиот тим во 2016-та година, дотогаш, репрезентацијата секогаш играше во полуфиналињата. Од тој момент, ние двапати доживуваме елиминација во групна фаза на Светско првенство. Тоа што се поврзувам со овој неуспех не ги прави работите лесни за мене. Не му помогнав доволно на тимот, си одиме дома и се плашам дека ќе паднам во црна дупка, – порача Кимих.
Оваа изјава на 27-годишниот Кимих допре и до Антоан Гризман, кој реши да му изрази поддршка на својот фудаблски колега преку социјалните мрежи.
– Ти си голем играч! Повторно ќе станеш Џошуа, – му порача Гризман.
Comments