top of page
Search

Емотивен изблив на селекторот: Сопругата ми беше во болница, овие момци ми ветија дека ќе ме израдув

31.03.2021 Mart Sreda

Македонскиот селектор Игор Ангеловски не можеше да ги сокрие емоциите по големата победа на Македонија над Германија во Дуисбург, во квалификациите за СП 2022.

Ангеловски откри под каков голем притисок беше низ мартовскиот собир и поради борбата на неговата сопруга со коронавирусот. Но, допатувал во Германија затоа што и момците му ветија дека ќе направат се за да победат и за неа...

„Што да ви кажам. Не можам ништо посебно, од емоција, од среќа. Знам дека ги направивме сите во Македонија среќни. Дојдов со овие момци тука затоа што ми ветија дека ќе победат. А, инаку и сите мисли ми се во Македонија. Мојата сопруга лежеше во болница поради Ковид-19. За среќа, сега е подобро. Децата ми даваат поддршка, им благодарам на сите. Што да кажам повеќе, единствено да заплачам“ – истакна Ангеловски по мечот во Дуисбург.


4 views
bottom of page