Еминем клекна на колено по настапот на полувремето на „Супербоул“
Снуп Дог и Др Дре се обединија за California Love, ненајавениот гостин Фифти Сент висеше наопаку, а раперот Еминем клекна на едно колено откога ја испеа својата песна на енергичното шоу на полувремето на „Супербоул“, што се одржа во неделата (13 февруари) на стадионот SoFi надвор од Лос Анџелес. Поставата преполна со хип-хоп пејачи, меѓу кои и аренби-ѕвездата Мери Џеј Блајџ и раперот Кендрик Ламар, го стави хип-хопот во фокусот на екстраваганцијата на полувремето, шоу што привлекува врвни светски музички изведувачи. Еминем го заврши својот хит Lose Yourself така што клекна и ја стави главата во раката, гест што поранешниот бек Колин Каперник го направи додека се интонира американската химна на НФЛ-натпревар како повик за расна правда. Каперник не играл од сезоната 2016 бидејќи ниту еден тим од националната фудбалска лига (НФЛ) не го ангажира откако почна да седи на интонирање на химната. Порталот Puck објави претходно во неделата дека НФЛ му кажала на Еминем да не клекнува за време на настапот. Портпаролот на НФЛ не одговори веднаш на барањето за коментар.
Comments