top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Емили Ратајковски откри дека е бисексуалка среде бракоразводна постапка

Мадона можеби покрена тренд бидејќи, неколку часа откако навести дека е геј на „Тик-ток“, и Емили Ратајковски се идентификува како бисексуалка во своето видео. Емили се чини дека е бисексуалка иако се шират шпекулации за наводна врска со Бред Пит, објавија таблоидите, додавајќи дека супермоделот (31) ги натера фановите да се прашуваат дали е сериозна, кога се приклучи на тикток-трендот кој прогласува дека личноста е бисексуална ако поседува зелена кадифена софа. „Ако се идентификувате како бисексуалец, дали поседувате кауч од зелено кадифе?“ гласи прашањето. Во видеото што го сподели, Емили ја врти камерата кон себе и таков кауч во нејзината дневна соба. На крајот таа мистериозно се насмевнува. Веднаш по објавата почнаа да се нижат коментари: „Уште една победа на жените“, „Ова е една од многуте работи што не ги очекував“,„Толку многу познати жени се откриваат и јас едноставно го сакам тоа“. Израдувани од видеото што навестува дека Емили е дел од ЛГБТК-заедницата, многу од нејзините следачи на Тик-ток коментираа: „Јас не сум геј, но чувствувам дека ова е победа“. Таблоидите потсетуваат дека Емили неодамна поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Себастијан Бер-Меклард, а сега се шпекулира дека е со Бред Пит. Судските документи до кои дојде „Пејџ сикс“, супермоделот, која е воедно и сопственичка и дизајнерка на „Инамората“, барањето за развод го поднела во Врховниот суд на Менхетен на 8 септември. Емили, наводно, многу често е во друштво на Бред Пит. Според „Пипл“, кој цитира анонимен извор, нивните пријатели не се сигурни дали е сериозно, бидејќи се чини дека не се формално во врска.




1 view

Comments


bottom of page