Емили Ратајковски одмoра во Италија со сопругот и синчето
Емили Ратајковски сподели низа фотографии од нејзиното патување по крајбрежјето на Амалфи, популарна и романтична дестинација во јужна Италија.
Моделот и актерка (30) одморот го поминува на Сорентскиот Полуостров со сопругот Себастијан Бер Меклард (34) и нивниот четиримесечен син Силвестер.
Атрактивната бринета во саботата го впиваше сонцето во Позитано, еден од најубавите градови на брегот на Амалфи.
А во саботата го покажа своето тонирано тело во танга-бикини. ‘Inamoratawoman’, напиша Емили во објавата, посочувајќи дека костимот за капење е од сопствената модна линија „Инамората“.
Емили позира и со Силвестер во објавата што ја наслови „Пиколино“.
Брегот Амалфи, познат и како брегот на лимоните, се протега на јужната страна на Сорентскиот Полуостров и е едно од најпосакуваните летни дестинации во Европа.
Comments