Емери: Тројца поранешни тренери на ПСЖ се во четвртфиналето? Му кажав едно нешто на Ал Келаифи
Унаи Емери со својот Вилјареал вечерва ќе го предизвика европскиот великан Баерн Минхен на домашен терен, натпревар на кој фановите на „жолтата подморница“ гледаат како на виситнски фудбалски празник.
Стадионот „Ла Керамика“ вечерва сигурно ќе биде исполнет до последно место, а Емери вели дека на неговите играчи не им преостанува ништо друго, освен да уживаат на теренот и да дадат се од себе, исто како што направија и против фаворизираниот Јувентус во осминафиналето.
Емери е еден од двајцата шпански стручњаци во четвртиналето во Лигата на шампионите, но угледниот „Лекип“ во последното интервју го потсети и дека е еден од тројцата поранешни тренери на ПСЖ кои се најдоа во оваа фаза покрај Томас Тухел и Карло Анчелоти.
Насер Ал Келаифи немаше нерви и трпение за ниту еден од споменатите тројца, а тимот оваа сезона доживеа најголемо фијаско и беше елиминиран уште во осминафиналето.
– Тројца поранешни тренери на ПСЖ во четвртфиналето? Тоа кажува една работа, кажува дека сите тројца се многу добри тренери. Ако во ПСЖ не успеале да остварат успех, тоа е зошто таму се нема многу трпение. Реалноста е дека ПСЖ оваа година направи чекор назад, но на Ал Келаифи му кажав една работа: Сигурно ќе ја освоиш Лигата на шампионите. Искрено, сигурен сум дека со текот на времето, ПСЖ ќе стигне до трофејот. Некој тренер ќе го скрши мразот и ќе го освои трофејот, ПСЖ е на добар пат и постојано бара прогрес, – вели Емери.
Comments