top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Емануел Макрон во непријатна ситуација со министерката: „Непристојно, вака љубовниците се бакнуваат“


31.07.2024 Juli Sreda

Емануел Макрон и Амели Удеа Кастер, министерката за спорт, станаа една од главните теми на социјалните мрежи по чудната прегратка и бакнежот за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

Поранешната тенисерка, а сега министерка за спорт, Амели Удеа Кастер, се поздрави со Макрон, меѓу другото, ставајќи ја дланката преку неговиот врат, што многумина веднаш го коментираа.

„Вака се бакнуваат љубовниците“, „Премиерот Атал ја врти главата затоа што му е непријатно“, „Мислам дека оваа фотографија е непристојна“, „Не е достојна за претседателот и министерката“, „Срамота“, се некои од коментарите.

Медиумите потсетуваат дека Амели беше назначена и за министерка за образование, но еден месец подоцна беше разрешена поради веста дека нејзините деца одат во луксузни приватни училишта.


0 views

Comments


bottom of page