top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ема Стоун била возбудена дека Леонардо ди Каприо ѝ го врачил „Оскарот“

Ема Стоун не можела да престане да размислува за „љубовта на нејзиниот живот“ Леонардо ди Каприо кога доби „Оскар“. 32-годишната ѕвезда ја освои најпрестижната награда за најдобра актерка во 2017 година за „Ла Ла Ленд“, но сè што ѝ поминувало низ умот кога излегла на сцената да ја прими наградата било дека нејзината тинејџерска симпатија на кого му се восхитувала во „Титаник“ (1997) ќе ѝ ја презентира статуетката. На прашањето какво е нејзиното сеќавање на добивањето „Оскар“ и одењето на сцената, таа одговори: Леонардо ди Каприо. „Бидејќи тој требаше да ми ја врачи наградата. Кога бев тинејџерка, го гледав Титаник седум пати во киносала. Тој беше љубовта на мојот живот. Имав слика од него во мојата спална соба со негов потпис, која ја добив за роденден кога имав 12 години.“ „И одев кон Лео и си помислив дека ова е официјално најнадреалниот момент во мојот живот. Не можев да верувам.“ Говорејќи во неделната поткаст-емисија The Jess Cagle Podcast, ѕвездата на „Круела“ додаде дека Леонардо е некој со кого пораснала гледајќи ги неговите филмови.



2 views

Comments


bottom of page