top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Елтон Џон тргнува на проштална турнеја

Седумдесет и четиригодишниот британски пејач со светска слава, сер Елтон Џон, ја започна прошталната турнеја насловена „Збогум по патот со жолти тули“, според истоимената негова песна „Farewell Yellow Brick Road 2018“. Турнејата предвидува повеќе од 300 концерти низ светот во период од три години.

Музичката ѕвезда избра 30 нови датуми за наредната година, кога ќе настапи во Европа и во Северна Америка во рамките на својата голема проштална турнеја, која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.

Најпрво Елтон Џон ќе настапи во Кливленд, САД, во „Акор арена“, на 10, 12 и 13 октомври годинава. Сите три концерти се распродадени, а беа планирани за октомври минатата година.


2 views

Comments


bottom of page