top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Елтон Џон, Пол Макартни, Том Хенкс и Џулс Холанд ги воодушевиja фановите на неочекуван собир

Изложбата на дела на британскиот сликар Дејвид Хокни во Лондон или она што локалните медиуми го опишаа како извонредното искуство на Хокни, го привлече вниманието на неколку познати личности, од Том Хенкс до Клаудија Винклеман. Колекцијата вклучува низа слики и цртежи од целата кариера на Дејвид. Изложбата, со наслов David Hockney: Bigger & Closer, не само што го лансира уметничкиот простор „Лајтрум“ во Кингс Крос туку доби и неколку меѓународни ѕвезди. Претходно оваа недела, овој мал уметнички простор во Лондон беше исполнет со познати личности, а британскиот сликар им го покажа својот нов проект на некои свои стари пријатели. Овој прославен уметник го почести „Лајтрум“ во лондонскиот Кингс Крос со својата извонредна збирка дела со наслов: „Дејвид Хокни: Поголем и поблизок“. 85-годишникот беше целосно инволвиран во создавањето на овој проект, а претходно оваа недела се најде опкружен со Том Хенкс, сер Пол Макартни, сер Елтон Џон и Џулс Холанд.




1 view

Comments


bottom of page