Елмас ќе остане без другарот од Наполи: Прво во војска, па трансфер во Јунајтед
Екипата на Наполи стана шампион на Италија, но за брзо време може да остане без доста луѓе кои беа клучни за тој успех.
Веќе е познато дека тренерот Лучијано Спалети нема повеќе да го води тимот, а сега има информација дека калчолигашот ќе остане без стоперот Ким Мин-Џае. Информациите на „Ил Матино“ се дека премиерлигашот Манчестер Јунајтед ја активирал откупната клаузула од 60.000.000 евра.
Јунајтед одлучил дека вреди да се инвестира во репрезентативецот на Јужна Кореја, односно за да нема драма се решил да ја активира клаузулата. Меѓутоа стоперот кој е добар другар со нашиот Елиф Елмас, нема веднаш да се пресели на „Олд Трафорд“, поради обврските кон татковината каде ќе мора да отслужи задолжителниот воен рок.
Пред неколку години неговиот сонародник Сон Хеунг-Мин имаше слична епизода и мина три недели на островот Џеџу, па најверојатно и Ким ќе ќе биде во војска само дваесетина дена.
Мин-Џае има 26 години што значи дека Јунајтед добива играч на идеална возраст, играч кој ако ги повтори изданијата од Наполи ќе биде големо засилување за премиерлигашот.
Comments