top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Елмас ја расветли својата иднина и порача: Не можам да се споредувам со Пандев, Македонија уште двај

Елмас ја расветли својата иднина и порача: Не можам да се споредувам со Пандев, Македонија уште двајца одлични играчиПознат турски новинар рано утрово го поврза Елиф Елмас со Ливерпул и порача дека Јирген Клоп е заинтересиран за „македонскиот дијамант“, кој брзо по ваквите најави, излезе со интервју во кое јасно посочува дека во моментов е насочен само кон Наполи и освојување на Скудетото.

Елмас во интервјуто за турскиот портал „Де Марке Спортс“ потенцира дека голема желба му е да ја освои титулата во Серија А оваа сезона, но една од најголемите желби во иднина му е да биде најдобар и во Лигата на шампионите.

– Во овој момент мислам само на Наполи. Сакам да го освоиме Скудетото и да ја освоиме Лигата на шампиони. Сакаме да се забавуваме на теренот и да продолжиме таму кадешто застанавме. Ова е сплотен тим и веруваме дека ќе продолжиме со победи.

– Мојата иднина? Не размислувам за заминување од Наполи. Се уште сум млад, но ако треба да заминам во иднина, се надевам дека тоа ќе биде за друг голем клуб, – вели Елмас, кој смета дека не треба да биде посочуван како наследник на Горан Пандев во македонската репрезентација.

– Пандев имаше голем успех во Интер и Лацио, дури и во Галатасарај. Горан е големо име во Македонија. По неговото заминување, не се сметам себеси за фудбалската надеж на Македонија. Не можам да се споредувам со него, Горан освои толку многу трофеи, освои се. Македонија може да се потпре и на други одлични играчи како Алиоски и Барди, – потенцира Елмас.



0 views

Comments


bottom of page