Search
Елмас: Треба да бидеме поофанзивни, ако не напаѓаш – не можеш да победиш!
- Aleksandar Santovski
- May 29
- 1 min read
28.05.2026 Maj Cetvrtok
Македонската репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари кои ќе ги искористи за воигрување пред есенскиот настап во Лигата на нациите, каде што ќе биде во Б лигата.
Првиот дуел го играме против Босна и Херцеговина во Сараево, а на официјалниот тренинг своите очекувања ги сподели Ељиф Елмас. Тој вели дека новиот циклус, промените во тимот и новиот селектор бараат целосен фокус на играта и креирање на заеднички стил.
„Имаме нов селектор, ова е втор собир и има нови играчи. Најважно е да бидеме фокусирани на нас и на тоа што треба да го изградиме како репрезентација пред септемвриските натпревари. Нè очекуваат силни противници и мора максимално да се подготвиме. Очекувам да играме понапаѓачки, затоа што ако не напаѓаш, не можеш да победиш. Фудбалот бара баланс, некогаш треба сите да се браниме, а некогаш сите да нападнеме. Ќе биде важно како ќе ги спроведеме задачите што ќе ги добиеме од селекторот. Енис е многу важен за нас, како капитен и како човек во соблекувалната. Ќе недостасува на овие натпревари, затоа што и кога не игра, многу им помага на сите.Секогаш позитивно ги пречекуваме новите играчи, без разлика од каде доаѓаат. Кога се игра за Македонија, сите го даваат максимумот. Наша задача е да им помогнеме побрзо да се вклопат и да создадеме добра атмосфера како што беше и претходно“, изјави Елмас.
Дуелот против Босанците е на програмата в петок во 20:30 часот, додека вториот дуел со Турција е в понеделник.






Comments