Search
Елмас со интересно ветување: Ќе направам торта на плоштад ако се пласираме на СП изјава и на другите
- Aleksandar Santovski
- Mar 22, 2022
- 1 min read
Елиф Елмас е суспендиран и нема да биде во комбинација за плејоф дуелот меѓу Македонија и Италија, но би бил достапен за селекторот Милевски за евентуалното финале во битката за пласман на СП во Катар.
Како голема ѕвезда на македонската репрезентација, Елмас е дел од специјалната најава за натпреварот направена од „УЕФА ТВ“, а во неа даде интересно ветување.
Зборувајќи за професијата на својот татко, Елмас се надоврзал со интересна најава по евентуален голем успех на нашата репрезентација.
– Дај боже да се пласираме на Светско првенство, после тоа не се секирајте, ако треба на Плоштад ќе правам една торта, – најави Елмас.
コメント