Елмас интересен за француски гигант
Елиф Елмас има уште три години од актуелниот договор со калчолигашот Наполи, но останува отворено прашањето дали ќе остане во клубот по крајот на овој летен преоден рок.
Нашиот репрезентативец во изминатиов период се поврзуваше со неколку премиерлигаши како Манчестер Јунајтед и Евертон за да сега неговото име е ставено во линија со седумкратниот француски шампион Лион.
Лион е на добар пат да го продаде Лукас Пакета во редовите на Вест Хем, а тоа значи дека ќе се отвори простор за ангажман на нов играчи и според „Тутомеркатовеб“ тоа може да биде Елмас.
Францускиот тим ќе мора добро да се потруди да го добие Македонецот со оглед на тоа што калчолигашот и нивниот претседател Аурелио Де Лаурентис се тешки преговарачи, па останува да видиме дали Елиф би може да заигра во Лига 1.
Comentarios