Елмас го посочи сегментот кој Македонија мора да го подобри против Лихтенштајн и Германија
Updated: Oct 6, 2021
05.10.2021 Oktomvri Vtornik
Елиф Елмас е еден од лидерите во подмладената репрезентација на Македонија, статус кој со две раце го прифаќа младата ѕвезда на Наполи која игра на завидно ниво на стартот на новата натпреварувачка сезона, максимално користејќи ја довербата која ја добива од новиот тренер Лучијано Спалети.
По одиграниот меч со Фиорентина изминатиот викенд, Елмас веднаш му се стави на располагање на националниот тим и веќе е дел од македонскиот состав, пред кого сега се два многу важни натпревари во квалификациите за Светското првенство.
На 11-ти октомври ја пречекуваме моќната Германија на домашен терен, но три дена претходно, му гостуваме на Лихтенштајн во натпревар кој селекторот Милевски го посочи како клучен за нас.
– Мора да го добиеме мечот со Лихтенштајн за да останеме во игра за Светското првенство. Се надевам дека од гостувањето ќе се вратиме со три бода. Треба да го одиграме она што селекторот ќе го побара од нас, а воедно и да ја подобриме реализацијата пред противничкиот гол. Не е само реализацијата, треба да подобриме и други детали во играта на овој натпревар.
– Знаеме дека Лихтенштајн игра добар фудбал во последно време. Игра дефанзивен фудбал, но се многу компактни како тим и не чека тежок натпревар. Лихтенштајн не е тест за Германија, после тоа ќе размислуваме за нив. Германија ќе биде уште потежок противник, но наше е да одиграме, да го слушаме селекторот и да покажеме што знаеме и умееме. Се надевам дека од двата натпревари ќе извадиме максимум, – изјави Елмас.
Comments