top of page

Елмас e на тромеѓе: Гиганти сакаат позајмица, каде ќе продолжи?

06.08.2026 Avgust Cetvrtok

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас речиси сигурно ќе го напушти Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, откако германскиот клуб јасно стави до знаење дека не смета на неговите услуги.

Според најновите информации од Италија, сериозен интерес за негов ангажман покажуваат Астон Вила, Јувентус и Наполи, при што сите три клуба ја разгледуваат можноста да го доведат на едногодишна позајмица.

Наполи, каде Елмас ги помина најуспешните години од кариерата и ја освои титулата во Серија А, сака повторно да го врати во своите редови. Сепак, италијанскиот клуб во моментов не е подготвен да ја плати откупната клаузула од 17 милиони евра за траен трансфер и преферира нова позајмица.

Во меѓувреме, интересот од Астон Вила и Јувентус останува сериозен, а се очекува во наредните недели да стане појасно каде македонскиот „дијамант“ ќе ја продолжи кариерата.


 
 
 

Comments


bottom of page