Елитен шпански судија ќе суди на мечот во Ереван, Италијанци во ВАР-собата
Ерменија и Македонија ќе се судрат на „Републиканскиот стадион“ во Ереван, а правдата на дуелот во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година ќе ја делат судии од Шпанија.
За главен арбитар назначен е Хозе Марија Санчез од Шпанија. Се работи за елитен судија, кој суди натпревари во шпанска Примера секое коло, исто така имаше и учество во Лигата на шампионите, Конференциската лига и Лигата на Европа оваа сезона.
Помошници на Санчез ќе му бидат Раул Кабањеро и Роберто Алонсо Фернандез, исто така од Шпанија, додека во ВАР-собата ќе биде италијанското дуо Паоло Валери и Лука Паирето. За четврти судија назначен е Хуан Мартинез Муниера, исто така од Шпанија.
Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра в четврток со почеток од 18:00 часот.
Comments