top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Елен Помпео е подготвена да стави крај на „Вовед во анатомија“ по речиси 20 години

52-годишната актерка, која ја глуми доктор Мередит Греј во маратонската ТВ-серија „Вовед во анатомија“, се обидува да ги убеди луѓето дека серијата треба да дојде до природен крај. Во интервју за „Инсајдер“ додека ја промовира својата компанија Betr Remedies, Елен рече: „Се обидував да се фокусирам на тоа да ги убедам сите дека треба да заврши“. „Се чувствувам како да сум супернаивка, која постојано вели: „Каква ќе биде приказната, каква приказна ќе раскажеме? И сите велат: Кому му е гајле, Елен? Заработува газилион долари“. „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy) почна да се емитува во 2005 година и неодамна ја заврши својата 18. сезона.



1 view

Comments


bottom of page