Елези: Подготвени сме за Украина, мораме да бидеме позитивни и да веруваме
Украина е првиот ривал на Македонија во овој јунски „прозорец“ од квалификазиите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија.
Во петок на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочиме со Украинците, тим од кого загубивме со 2-1 на последото соочување на ЕП. Гостите го имаат статусот на фаворити, но избраниците на Милевски се подготвени за максимална борба, надмудрување, давање на последниот атом од силите се со цел да се дојде до позитивен резултат.
-Енергијата на тренинзите е на високо ниво, иако е крај на сезоната. Сепак, тоа е доказ колку сме мотивирани, колку е здрава и позитивна атмосферата во тимот. Мора да бидеме позитивни и да веруваме. Не очекува исклучително силен натпревар со репрезентација која има нов селектор и веројатно дополнителен импулс за позитивен резултат“.
– Морам да кажам дека тренираме одлично, се чувствуваме добро. Сето тоа треба да се пренесе на натпреварот. Свесни сме што не очекува, Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени. Се е можно и ќе дадеме се од себе. Се надеваме на позитивен резултат, -порача Агон Елези.
Средбата Македонија-Украина се игра во вечерниот термин од 20:45 часот.
Comentários