Елегантна и секогаш во тренд: Сара Џесика Паркер како Кери
Сара Џесика Паркер со стилски изглед кога ја глуми Кери Бредшо од хит-серијата „Сексот и градот“, па така и во новата сезона со наслов And Just Like That. Паркер на себе има ултрамодерен аква-син фустан додека снима сцена од новиот проект. 56-годишната актерка беше забележана пред ресторанот Au Cheval во центарот на Менхетн во Њујорк во четвртокот вечерта. Претходно, со неа беше и колегата Џон Тени во рамките на продукцијата на новата сезона. Во новите епизоди глумат Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Саманта Џонс нема да се појави во новата сезона, која има 10 епизоди во времетраење од половина час. „Сексот и градот“ почна да се прикажува во 1998 година и следуваа шест сезони сè до 2004 година. Беа снимени и два филма како продолжние на приказната од серијата.
Comments