„Ел Диаблито“ потврден на „Итихад“: Сити се засили со новиот Меси (ВИДЕО)
Премиерлигашот Манчестер Сити има одлична трансфер политики и влече потези кои му носат фантастични резултати и како вистински пример за тоа е минатата година во која беа освоени дури пет трофеи (Премиер лига, ФА Куп, Лига на шампиони, Супер Купот на УЕФА и Светското клупско првенство)
Целта на „граѓаните“ е да го одржат ова ниво, да бидат конкурентни, а за тоа се потребни квалитетни играчи, освежувања во составот, па кон тоа е насочен и најновиот потег, ангажманот на големата аргентинска надеж, Клаудио Ечевери кого поради стилот на игра го споредуваат со Лионел Меси.
Офанзивецот потпиша договор до 2028 година со Сити со тоа што на „Итихад“ ќе се пресели дури наредниот јануари, односно наредниов период ќе го мине во Ривер Плата каде ќе има можност да се стекне со дополнително искуство и знаење под водство на тренерот Мартин Демикелис.
Популарниот „Ел Диаблито“ има 18 години и за него актуелниот европски првак ќе издвои 12,5 милиони фунти, плус сума за бонуси.
Comments