Експресна реакција на премиерлигашот: Вулверхемптон го соопшти наследникот на Лопетеги
Шпанскиот стратег, Хулен Лопетеги беше незадоволен од потезите на Вулверхемптон во овој преоден рок, па дојде до разделба на двете страни во текот на вчерашниот ден, односно само на неколку дена до почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Меѓутоа „волците“ како да беа подготвени за ова, па експресно пронајдоа замена и на местото на Лопетеги го доведоа Гери О’Нил кој имаше одлични резултати со Борнмут минатата кампања, поточно беше најзаслужен што екипата некако рутински обезбеди опстанок. Потоа тој неочекувано беше отпуштен на 19 јуни со образложение дека клубот ќе тргне во друг правец, но еве по некое време му се отвори нова шанса на Гери да работи во најсилната англиска фудбалска конкуренција. О’Нил е најмладиот менаџер на Вулвс во овој милениум, поточно потпиша тригодишен договор. -Гери е многу мотивиран млад тренер со силни принципи. Ова е можност да се направи нешто поинаку со новиот британски тренер и од луѓето што ги запознавме, Гери беше очигледно вистинската личност, -порача спортскиот директор, Мет Хобс.
Comentários