Ексклузивно со Д.В.Мафет во „Во кадар“ со Миланка Рашиќ
Најновото издание на емисијата за филм „Во кадар“ донесува ексклузивно интервју со американскиот актер и режисер Доналд Ворен Мафет. Миланка Рашиќ разговара со Мафет за актуелните ангажмани и за неговото учество во проектот Скопје Технолошки Парк Капитал Партнерс, во чии рамки е предвидена изградба на филмски и ТВ студија во Скопје.
Најновите улоги на Мафет се во сериите „Монарх“, „Лекарите од Чикаго“ и „Први“, а тој е и професор и шеф на катедрата за филм на Колеџот Савана за уметност и дизајн.
Неговите најзабележителни улоги се во филмовите „Украдена убавина“ на Бертолучи, „Traffic “ на Содерберг, „13“ на Хардвик,како и во сериите „Најстариот дебитант“, „Скриени палми“, „Кожа“, „За твојата љубов“, „Синовите на Чикаго“, „Животот е див“, „Светлините во петок навечер“, „Среќно разведени“, „Заменети на раѓање“ итн.
Тој е и признат театарски актер, основач на Chicago’s Remains Theatre Ensemble.
Во интервјуто Мафет раскажува за неговите впечатоци од работата во Македонија со македонски актери, како и за проектот за изградба на филмски студија во Скопје, во кој ги вклучил и неговите блиски пријатели Џон Малкович и Мет Дилон. За комплексот филмски студија смета дека ќе биде извонредна инвестиција во Македонија, која ќе привлече американски филмски компаниитука да снимаатфилмови и серии, но ќе биде и голема можност за македонските филмски автори и работници.
Емисијата „Во кадар“ донесува филмски премиери и новитети, а се емитува премиерно, в недела на МТВ 1, во 21 ч. Репризата е во четврток во 18 ч.
Comments