Ексклузива од Англија: Гвардиола ќе се врати на „Итихад“ за да му даде поддршка на Сити
07.10.2026 Oktomvri Sreda
Манчестер Сити се наоѓа во најделикатна ситуација во поновата историја откако независниот панел на Премиер лигата го прогласи клубот за виновен во 114 од вкупно 115 обвиненија за сериозни прекршувања на финансиските правила во период од девет сезони, а бидејќи ваквите престапки налагаат и големи казни, случајот со „сините“ стана топ тема во Англија во овој изминат период.
Комисијата утврди дека клубот користел фиктивни и лажни комерцијални договори со цел вештачки да ги зголеми своите приходи и да ги намали трошоците за повеќе од 900 милиони фунти, престапка со која тие ги криеле вистинските финансии од ревизорите и регулаторните тела и која низ годините им помогна да бидат реализирани безброј милионски трансфери.
Ваквото мамење од клубот допрва ќе биде разгледувано на повисоки инстанци бидејќи Сити како клуб најави доставување на жалба, но во меѓувреме, Пеп Гвардиола смета дека ова е добар период да му покаже максимална поддршка на клубот кој го сака, и тоа со појавување на „Итихад“.
Угледниот „Тајмс“ вечерва ексклузивно објави дека Пеп ќе се врати на „Итихад“ наредната недела за големото европско дерби меѓу Манчестер Сити и ПСЖ во Лигата на шампиони, потег со кој сака да изрази јавна поддршка и солидарност со клубот во кој помина десет успешни години, а на кој истовремено максимално му верува дека нема направено ништо непрописно.
Шпанскиот стратег претходно испрати емотивна порака до навивачите нагласувајќи дека повеќе од кога било стои зад својот поранешен клуб, а сега е подготвен да го преземе следниот чекор и да се појави на трибините на „Итихад“ наредната среда.







Comments