Екс играч на Челси со предупредување за Тухел: Мора брзо да реагира за да не отпаднат од трката
17.12.2021 Dekemvri Petok
Некогашниот француски репрезентативец и меѓу другите играч на Челси, Франк Лебеф упати предупредување до сегашниот стратег на „сините“, Томас Тухел што побргу да ја реши ситуацијата за да не испаднат од трката за титулата.
Челси фати одличен залет на почетокот на сезоната, но по последните киксови меѓу кои и поразот од Вест Хем со 3:2, како и ремито со Евертон (1:1), Челси веќе почна да заостанува зад Манчестер Сити и Ливерпул.
Според Лебеф, Тухел мора бргу да најде решение за мини резултатската криза која би можела да биде од огромно значењево финалниот исход на табелата.
– Многу скоро ќе знаеме дали ова ќе биде трка за титулата меѓу два тима или меѓу три тима. Мора да бидеме реални дека според начинот на кој Челси игра во споредба со Манчестер Сити, нема шанси да се носат со нив во моментов.
– Мора да променат нешто, потребни им се играчите кои им недостасуваат и истите мора да се вратат што побргу и да бидат подготвени за игра. Наскоро мора да се најде решение за целата ситуација, во спротивно ќе се најдат на „ничија земја“.
– Тие се многу подобри од Вест Хем и Манчестер Јунајтед, но мислам дека не се добри како Ливерпул и Манчестер Сити, па мора да го дадат максимумот, -изјави Лебеф.
Comments