Екс-директор на Барселона: Време е за лудило, Роналдо може да дојде на „Камп Ноу“
Updated: Nov 12, 2021
11.11.2021 Noemvri Cetvrtok
Шпанскиот великан Барселона си има свои проблеми, проблеми поради кои изминатово лето остана без својата легенда, капитен Лионел Меси кој поради лошата финансиска состојба беше принуден да си замине и се пресели во Пари Сен Жермен.
Потоа си замина и Антоан Гризман што дефинитиво екипата загуби на квалитет и се мачи сезонава како на играчки така и резултатски план, а цената затоа ја плати тренерот Роналд Куман кој беше отпуштен по поразот од Рајо Валјекано. Сега доведен е Чави Ернандез од кого многу се очекува, но останува времето да покаже дали тој е вистинскиот човек и дали може да ја врати побендичката енергија, стратста, духот во клубот од „Камп Ноу“.
Во меѓувреме во јавноста постојано има различни коментари, анализи, но и некои луди идеи како што е последнава на некогашниот директер на клубот и кандидат за претседател, Тони Фрејша.
Тони смета дека сега има простор за луд потег, ангажман и тоа на некогашниот ас на Реал Мадрид и сегашен на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.
-Роналдо во Барселона? Ако има време за такво „лудило“ тоа е сега, -рече Фрејша кој даде коментар и за Чави Ернандез.
-Тој дојде со овој план за казнување на играчите. Мислам дека се обидува да ги убеди во неговиот план и во неговиот начин на игра. Мислам дека сака тие да уживаат во нивниот фудбал, -порача Тони.
Comments