Екс голман на Борусија: Нојер ќе го одбранеше ударот на Родри
Баерн Минхен доживеа висок пораз на гостувањето кај Манчестер Сити, а медиумите и стручните коментатори и натаму ги анализираат грешките на Баварците и причините за ваквиот епилог на „Итихад“.
Голманот Јан Зомер имаше неколку одлични одбрани, но според еден негов колега, можел да реагира подобро во клучниот момент, односно при ударот на Родри, со чиј гол Сити поведе со 1:0.
Поранешниот голман на Борусија Дортмунд, Роман Вајденфелер, смета дека Зомер доцнел со реакцијата.
– Зомер ја виде топката многу доцна, а и онака ударот беше одличен.
– Се работеше за сантиметри. Не велам дека Зомер е главен виновник, но сигурен сум дека Нојер би го одбранил овој удар.
– Во вакво натпреварување детали ги решаваат работите, па и најмала грешка има влијание. Ова не беше голема грешка, но удар од оваа далечина треба да биде одбранет, – изјавил Вајденфелер.
Comments