Екипите во ЛШ сезонава ја бележат најслабата игра во одбрана?
26.02.2021 februari petok
РАКОМЕТ
Ракометарите на Барселона ја играат најефикасната сезона во групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) од воведувањето на фајналфор-системот во ова натпреварување, а според статистиката, екипите во ЛШ сезонава ја бележат најслабата игра во одбрана, со просек од 29,9 примени погодоци по натпревар. Најдобрата одбрана сезонава во ЛШ ја има Сегед, со просек од 27,9 примени гола по натпревар. Избраниците на тренерот на Барселона, Чави Пасквал, на едно коло до комплетирањето на групната фаза, имаат ефект од 35,6 гола постигнати по меч, што е највисок просек во претходните 11 сезони. Најефикасна сезонава е бековската линија на шпанскиот првак, со 233 гола, повеќе од половина од вкупниот број голови, 463. Крилата имаат ефект од 150 погодоци, пикерите 77, а три постигнати гола бележи голманската двојка Кевин Милер и Гонзало Перез де Варгаз. Десното крило Алекс Гомез со 56 гола е најефикасниот ракометар на шпанскиот првак, а втор стрелец во тимот на Пасквал, со 52 реализации, е десниот бек Дика Мем. Шпанците сезонава ја играат најслабата одбрана споредено со претходните 11 сезони. Нивниот просек сезонава е 29,1 примени голови по меч, лани примаа по 27,1, а најнискиот просек примени голови го имаа во сезоната 2011/2012 со по 24,5 гола по натпревар.
Comments