top of page

Една од најубавите жени на светот уште еднаш го покажа целиот свој раскош: ја освои Модната писта со убиствено деколте


25.09.2024 Septemvri Sreda

Во Париз, во рамките на Модната недела, се одржа ревија на „Лореал“, на која чекореа многу познати дами. Меѓу нив беа 86-годишната Џејн Фонда, 66-годишната Енди Мекдауел, 51-годишната Хајди Клум, 49-годишната Ева Лонгорија, 32-годишната Кара Делевињ и 28-годишната Кендал Џенер.

ree

Помладата сестра на Ким Кардашјан се појави во сензационален црвен фустан со полупроѕирен градник и детаљ од корсет. Заедно со фустанот носеше и ракавици до лакотот, а на усните имаше црвен кармин.

ree

51-годишниот германски супермодел Хајди Клум изгледаше неверојатно во тесен црн фустан од латекс.

ree
ree

Целото внимание на насобраните го привлече и „очајната домаќинка“, Ева Лонгорија, која го истакна своето бујно деколте во смел бел фустан. Таа ја покажа својата неверојатна фигура во секси бел фустан, кој имаше шлиц до бутовите и изгледаше многу самоуверено додека се чекореше на модната писта.

ree

32-годишната Кара малку ѝ остави на фантазијата во долго црвено палто, под кое не носеше градник, ниту маичка.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page