top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Една од најлуксузните јахти во светот заплови во водите на Јадранот

Во пристаништето во Шибеник е забележана една од најлуксузните јахти во светот, „Кристина О“, која се изнајмува за цена од 700.000 евра неделно. „Кристина О“ беше воен крстосувач од кој се истоварија сојузничките трупи во Нормандија, а потоа стана мегајахта на грчкиот сопственик на бродови и милијардер – Аристотел Оназис. Како прибежиште за луксуз, легендарната јахта беше домаќин на многу истакнати личности во текот на годините – Џон Ф. Кенеди, Мерилин Монро, Елизабет Тејлор, Џон Вејн, Ричард Бартон, Грејс Кели, Елизабет Тејлор, Рудолф Нуреев, Грета Гарбо, Френк Синатра, сер Винстон Черчил… Името го добила по ќерката на Оназис, Кристина. Станува збор за ултралуксузна јахта, чиј неделен наем е околу 700.000 евра. Позната е и како најпопуларна луксузна чартер-јахта во светот. Има 38 члена на екипажот, кои секогаш се достапни за гостите. Долга е 99 метри, има 17 кабини, во кои може да се сместат до 34 луѓе. Севкупно, јахтата може да прими 157 гости. Некои од дополнителните погодности на располагање на гостите се хелиодром, велнес-центар, базен, џакузи, вежбалница, киносала, простории за масажа, платформа за пливање.







3 views

Comments


bottom of page