Една од најдобрите македонски фудбалерки стана царица во Финска
- Aleksandar Santovski
- Mar 24
- 1 min read
24.03.2026 Mart Vtornik
Гентијана Рочи важи за една од најдобрите македонски фудбалерки во историјата. Девојката која има успешна интернационална кариера настапува во Финска, успешно тргна во новата сезона со трофеј.
Купс го освои националниот Куп на Финска, со победа над актуелниот првак ХЈК со резултат 2-1. За Рочи ова е нов трофеј во интернационалната кариера во Финска, во клубот чиј дрес го носи од 2019 година и е одлична увертира за новата сезона во која Купс сака да се врати на врвот.
Рочи беше шампионка со Купс во 2021, 2022 и 2023 година, но во последните сезони ХЈК Хелсинки е на врвот. Девојката која настапува во нападот има преку 100 постигнати гола за клубот.
Покрај за Купс, Рочи во Финска играше и за Јупк, а настапуваше и за бундеслигашот Баер Леверкузен, потоа Клопенбург исто така од Германија, швајцарски Луцерн, како и македонските клубови Наше Такси и Борец Велес






Comments