Search
Еди Марфи и Арсенио Хол во долгоочекуваното продолжение на „Доаѓање во Америка“
18.12.2020 Декември Петок Поминаа триесет и две години откако хит-комедијата Coming To America („Доаѓање во Америка“) дебитираше во кинoсалите. И фановите конечно имаат прв поглед на претстојното продолжение, во нови фотографии објавени од студиото „Амазон“ во четвртокот. „Доаѓање во Америка 2“ пристигнува на 5 март 2021 година на „Амазон прајм видео“. На фотографиите се гледа сè уште младешкиот изглед на Еди Марфи и Арсенијо Хол, како принцот Аким и неговиот верен пријател Семи. Исто така, се гледаат и Џејмс Ерл Џонс, кој ја повторува улогата на Џеф Џофер, и Шери Хедли како Лиза Мекдауел.
Comments